„Мојот живот минато мило“ - монографија на 100-годишниот Јован Величковски еден од живите борци на НОБ
Младите генерации да бидат сплотени и обединети ако сакаат да одат напред. Ако во наше време не бевме сплотени немаше да ја има ниту победата, ниту државата, порача стогодишниот Јован Величковски еден од живите борци од НОБ во чија чест беше промовирана монографијата „Мојот живот минато мило“. Според Величковски неединството кое владее денес е опасно за државата.
Во книгата ,,Мојот живот минато мило“ се опишани животот и делото на борецот Величковски, но сведочи и за посебниот македoнски идентитет. Според неговиот внук Ванчо Тркалевски које е автор на монографијата, се работи за дело кое ја опфаќа историјата на македонскиот народ пред се од 19 век се до создавањето на суверена и независна држава. Вели книгата е одговор на сите што не негираат како Македонци, бидејќи во неа има документи и факти дека сето тоа не е вистина.
Издавач на монографијата „Мојот живот минато мило“ е струмичката библиотека Благој Мучето.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар