Монтела останува турски селектор до 2028
Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) за уште две сезони и ќе остане на должноста до крајот на 2028 година, јави денеска агенцијата Анадолија.
„Нашиот тренер беше на чело на националниот тим пред мојот тим да ја преземе должноста во Федерацијата. Но, сега продолжуваме по истиот пат. Понекогаш разговараме со него дека всушност станал Турчин како нас и затоа работи со оваа посветеност за тимот. Тој создаде многу пријатна колегијална атмосфера со момците во соблекувалната, семејна атмосфера. Тие исто така многу го сакаат тренерот. Веруваме дека каде што има љубов, ќе има и успех“, рече претседателот на ТФФ, Ибрахим Хаџиосманоглу.
Монтела ја презеде функцијата откако претходно работеше со турскиот клуб Адана Демирспор. Во својата тренерска кариера ги тренираше и Фиорентина, Севиља, Милан, Сампдорија, Катанија и Рома.
Ново на Сител
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија