Москва ја исклучува ЕУ од преговорите за Украина: Кремљ не гледа никаква корист од нејзиното учество

Русија сè уште не гледа додадена вредност во учеството на европските претставници во следната рунда преговори насочени кон завршување на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека следната средба меѓу Русија, Украина и САД ќе се одржи во Абу Даби, но сè уште не е одреден датум.
-Постојат различни гледишта. Како што знаете, Европејците инсистираат ова да биде четиристран формат. Ние сè уште не разбираме целосно каква додадена вредност би произлегла од учеството на Европејците, каков дополнителен придонес би можело тоа да донесе во мировните напори – изјави Песков.
Руските власти минатата недела порачаа дека европските претставници прво треба да ги претстават своите предлози до Москва.
Досега, европските држави беа вклучени во разговорите за ставање крај на руската инвазија само индиректно, преку нивните врски со Украина и САД.
Европските држави се договорија дека Германија, Франција, Италија, Полска и Велика Британија, која не е членка на ЕУ, како и претставници на ЕУ од Брисел, треба да зборуваат во име на Европа, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
