Македонија
15. September 2025 - 14:02

Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот

С.Ф. (37) од Гевгелија вчера им подлегнал на повредите откако изгубил контрола врз мотоциклот „кавасаки“ и излетал од патот на делницата од село Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал.

-Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, се наведува во соопштението.

Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија. 

 

МИА

Ново на Сител