-->
-->
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија
-->
Шпанецот Марк Маркез (Дукати) триумфираше денеска во трката за Големата награда на Италија во Муџело, додека неговиот помлад брат Алекс Маркез (Дукати Гресини) беше втор.
Домашниот возач Фабио Ди Џанантонио (Дукати VR46) денес заврши трет, додека неговиот сонародник Франческо Бањаја беше четврти.
Со денешниот триумф Марк Маркез ја комплетираше доминацијата на ГН на Италија, откако вчера ја освои полпозицијата, а беше најбрз и во „спринтот“.
Марк Маркез води во генералниот пласман со 270 бодови, 40 повеќе од Алекс Маркез, додека Италијанецот Бањаја е трет со 160 бодови.
Следната трка ќе биде Големата награда на Холандија во Асен идната недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот