50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
Од производствените хали на Брако во Велес – директно на улиците на Ријад – над 50-тина специјализирани возила ГМ636 веќе се испорачани и се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.
Се работи за голема и комплексна испорака, за потребите на јавните програми за чистење во тој регион, каде што беа ангажирани повеќе изведувачи, меѓу кои и 50 возила од брендот Грин Машинс на Брако. За потребите на проектот, тимот дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.
Фабриката во Велес наскоро очекува нови нарачки на возила за чистење и во други урбани центри во Саудиска Арабија.
Инаку Брако произведува 8 модели на возила Грин Машинс на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во САД, Обединетото Кралство, Холандија и Германија, како и преку надворешна продажна мрежа, нивните прозиводи се застапени на пазарите во над 50-тина земји.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар