-->
-->
Може ли Ферари до победа во Монца
-->

Шпанскиот возач Карлос Саинц победи на квалификациите за Големата награда на Италија и ќе стартува од пол-позицијата во Монца. Ферари целосно изненади на „домашната“ патека во нови бои, бидејќи третото најдобро време го постигна Шарл Леклер . Помеѓу нив двајца е, секако, актуелниот шампион и лидер во шампионатот Макс Верстапен , чиј Ред Бул овојпат не беше толку доминантен како на огромното мнозинство на трки оваа сезона во Формула 1 .
Џорџ Расел (Мерцедес) имаше четврто најдобро време , Серхио Перез (Ред Бул) беше петти , а Алекс Албон (Вилијамс) беше шести. Во првите десет се најдоа и Оскар Пјастре (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин) .
Трката се вози од 15ч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
