„Мртовец“ оживеал, но подолго време не смеел да ја напушти мртовечницата
Пациент во болница во Колумбија бил прогласен за мртов и бил испратен во мртовечница… Но, по кусо време, роднините откриле дека тој е жив.
Хуан Хозе Муњос Ромеро (67) е примен в болница со зголемен крвен притисок. На 6 јули лекарите го прогласиле за починат. Роднините, сепак, не им верувале на лекарите, но не им било дозволено препознавање поради мерките против корона-пандемијата.
Подоцна, сепак, ќерката на пациентот некако стигнала до неговото „тело“, па видела дека татко ѝ сѐ уште дише, а очите му се отворени. Лекарите се обиделе да ја убедат дека тоа е само реакција на телото по смртта. Жената била упорна и настојувала да го однесе татко сѝ во друга клиника.
Синот на Ромеро подоцна рекол дека таа лекарска грешка дополнително му наштетило на човекот и, сега тој страда од исхемија.
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
