Македонија
17. July 2023 - 16:41
Мртвородено бебе во битолската болница, лекарите тврдат дека пациентката не водела редовна контрола
21 годишна трудница вчера била породена со мртво бебе во битолската клиничка болница. Директорката на здравствената установа вели дека пациентката била во 36-тата недела од бременоста и имала неконтролирана бременост. До 7-от месец престојувала во Германија, а прв пат отишла на гинеколог кога се вратила во Битола.
- Прв пат отишла на гинеколог тука во Битола во седми месец и уште еднаш во 36-та недела. Веднаш била препратена во болницата за да се направи царски рез поради вишок плодова вода. Извадено е бебето, неизмалтретирано, но родено без знаци за живот, без срцева акција, дишење, пулс, изјави д-р Елизабета Ивановска, директор на Клиничка болница Битола.
Ова и било 4-та бременост на родилката, мртов плод и бил изваден и пред 3 години. Од Клиничката болница велат семејството немало забелешки околу медицинскиот третман на жената.
- Четврта бременост, две починати бебиња, а две од децата ѝ се живи. На ист начин починало нејзиното бебе пред три години.Нема забелешки од страна на семејството, најверојатно се работи за аномалија, вели д-р Ивановска.
Во меѓувреме јавноста се уште чека обвинителството да се изјасни за случајот со починатото бебе кратко по раѓањето пролетта во Битолста Клиничка болница.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->