МТСП бара дозвола за поголем број на деца во градинките
Труд и социјала бара од Комисијата за заразни болести да се зголеми бројката на деца во градинките поради стабилната епидемиолошка состојба. Како што изјави министерката Шахпаска во една група да бидат згрижени и повеќе од 20 деца, но со почитување на мерките за превенција од вирусот. Дополнително до здравство испратиле списоци со невакцинирани лица вработени во установите за да се направат листи со приоритет.
- Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели, туку и за стручните работници, за готвачите, помошно-техничкиот персонал…, зашто ни е важно децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани и на тој начин да се превенира можност за инфекција, изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.
Инаку воспитувачките и негувателките во градинките во март беа меѓу првите на кои им беше овозможено да се вакцинираат против Ковид.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
