Македонија
16. April 2026 - 10:20

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски сподели фотографии од утринско трчање низ Скопје со својот белгиски колега Максим Прево, кој од вчера е во посета на државата. 

- Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, денот го почнавме на поинаков начин - утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град - напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.

 

МИА