Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните

Заокруживме уште една значајна посета, што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и на трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, напиша на својот фејсбук-профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Во видеоизјава Муцунски истакнува дека е потпишан меморандум за разбирање, како и дека со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оствариле повеќе средби.
-Денеска, заокруживме уште една важна и успешна посета. Остваривме важна средба со претседателот и владател на ОАЕ, шеикот Махемед, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула, потпишавме меморандум за разбирање, за развој, модернизација и за дигитализација на Владата и државната администрација. Со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретнавме и со пртседателите на Естонија и Швајцарија, со претставници на меѓународни организации, како и со македонската дијспора во ОАЕ. Оваа посета потврди дека постои потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните - наведува Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
