Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка.
- Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од засилена координација по тоа што е наш интерес односно конечно отпочнување на процесот на преговори со ЕУ, а исто така и за билатералната соработка, потенцијалите што ги имаме во туризмот, во трговијата, во политичката соработка, изјави Муцунски по вчерашните средби во Њујорк.
Како што јави известувачот на МИА, тој учествуваше и на повеќе настани поврзани со неколку регионални иницијативи, на појадокот организиран од министерот за надворешни работи на Италија, Тајани, како и на ручекот организиран од Регионалниот совет за соработка.
- Пред се, ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции, за ширење на тоа што за нас е значајно како политичка порака во Њујорк, истакна министерот Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ