Мурињо за Винисиус: Тој не е светец, но она што му го прават е премногу

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го поддржа крилниот напаѓач Винисиус во услови на постојани провокации и малтретирање.
– Тој не е светец, но она што му го прават е премногу. Од првата минута е цел на противниците. Исто е со секој противник. Прво еден прав фаул, па друг го фаулира. Ако некој добие жолт картон, тогаш следува нов играч кој оди на Винисиус, изјави Мурињо за „Марка“.
Тренерот верува дека Винисиус треба да научи да ги контролира своите емоции и да биде повнимателен со прославите на головите.
– Живееме во ера на социјална борба против малтретирањето, но Винисиус сè уште се соочува со тоа – и од противниците и од навивачите. Треба да го едуцираме и да го подготвиме за тоа, нагласи Мурињо.
Реал Мадрид синоќа го победи Еспањол со 2:1. На почетокот на натпреварот, Калатрава го сопна Винисиус и не беше казнет, но судијата подоцна му покажа жолт картон на Винисиус поради расправија со истиот играч.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
