Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.
Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години.
Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.
Рамазан Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.
По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи со желби да им бидат прифатени постот, молитвите и добрите дела, да им подари мир во срцата, хармонија во нивните семејства и добрина во нашето општество.
-Фитр Бајрам е ден на помирување и зближување. Тоа е ден кога треба да ги отвориме нашите срца, да си простиме еден на друг и да ги зацврстиме семејните и општествените врски. Посетите, честитките и насмевките што ги разменуваме денес се знак на убавите вредности што Исламот ги негува меѓу нас. Да го искористиме овој празник за да размислиме за самите себе и да продолжиме по патот на добрината што го започнавме во Рамазан. Да бидеме луѓе на мирот, правдата и солидарноста во нашите семејства, во нашето општество и каде и да живееме. Нека Алах го направи овој празник извор на мир, благосостојба и среќа за сите - порачува Фетаи во честитката.
Фетаи посочува дека во текот на Рамазан покажавме дека сме силно посветени на подигнувањето на нашето достоинство во сите аспекти: верски, хуман, интелектуален и општествен.
-Во текот на целиот месец Рамазан ја покажавме нашата мудрост, зрелост, мир и непоколеблива солидарност. Во овој голем духовен празник се радуваме што триумфиравме над деструктивноста, материјализмот, егоизмот и љубомората. Со тоа му испративме порака на светот дека моралните вредности се највисоката цел на човечката активност. Со чувството на глад и жед му упативме повик на светот за поголема грижа кон човекот. Мирот што го негуваме за време на Рамазан покажа дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, избегнувајќи убиства, војни, масакри и геноциди. Исто така се обидовме да се оддалечиме од пороците и злото, покажувајќи дека секое општество треба да се бори против аномалиите што го загрозуваат неговиот живот и младината, како алкохолизмот, проституцијата, наркоманијата, корупцијата и други појави што му штетат на човекот и на општеството. На овој голем празник Фитр Бајрам стоиме гордо пред Семоќниот Алах, надевајќи се на Неговата милост и благослов. Денес ги очекуваме Неговите безгранични награди за нашиот пост, за нашите искрени молитви, за нашите ибадети и за жртвите што ги направивме за време на месецот Рамазан - вели во честитката поглаварот на ИВЗ, Фетаи.
Ново на Сител
-

Пензиите во април ќе се зголемат за 1.000 денари
-

Епископот Велички Никола е нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија
-

Ненад Савески ја превзема функцијата државен јавен обвинител, вети сериозна борба со криминалот
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
