Македонија
31. December 2015 - 19:16

МВР апелира: Помалку алкохол, оружјето и пиротехниката е забрането

Зголемено присуство на полицијата на прославите на отворен простор, околу угостителските објекти и на сообраќајниците. Засилени контроли оваа ноќ ќе има и на граничните премини, а полицијата го крева степенот на безбедност и за дипломатско конзуларните претставништва. Полициските службеници ќе бидат присутни на плоштадот Македонија, на прославата организирана на Сквер Јадран, како и во спортската сала во Градскиот парк и арената Метрополис. Од МВР апелираат, без пиротехнички средства и алкохол ако седнувате зад воланот.

- МВР уште еднаш апелира до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства. 

Сообраќјот според информациите од МВР ќе се тековно и без никакви ограничувања, организаторите на прославите не доставиле барања за ограничување на сообраќајот или затворање на сообраќајници.

Вработените во центарот за известување и команда ќе работат и на новогодишната ноќ, а сите информации за нарушувања на јавниот ред и мир може да бидат пријавени на телефонскиот број 192 и на имејл адресата на министерството.