Македонија
2. January 2026 - 16:41

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ

МВР го расчисти убиството кое се случи во скопската чаршија за Нова Година. Дваесет и петгодишен турски државјанин М.Т. со престојувалиште во Тетово, осомничен за убиството што на новогодишната ноќ се случи пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, е приведен во Косово. Започната е постапка за негова екстрадиција.

На масовната тепачка во која учествувале пвоеќе лица, едно лице беше убиено, а друго се здобило со тешки телесни повреди. Убиениот е турски државјанин.