Македонија
3. January 2018 - 16:14

МВР поднесе уште една кривична пријава за екс градоначалникот на Ново Село

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село Блажо Велков. Тој се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластување додека бил на чело на општината. Како што наведуваат од полицијата поранешниот градоначалник во март 2014 година злоупотребувајќи ја службената положба и овластување склучил анекс на договор за закуп на времен објект со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5 на 11 години.

- Со потпишување на анексот дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице - Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг  временски рок., вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР СТрумица

Поранешниот градоначалник Велков вели дека ова е хајка и политички прогон против него.  Тој  додава дека досега имал  поднесено уште две кривички пријави кои не биле прифатени, а тој ослободен од обвинение. За третата кривична вели дека е неоснована бидејќи се однесувала на одлука донесена од советот на општината за која гласале сите советници и од СДСМ и од ВМРО  ДПМНЕ, а тој ако градоначалник бил должен да ја запази процедурата и да ја потпише одлуката за која советниците биле едногласни и во целиот случај не гледа никакво кривично дело