-->
-->
МВР со детали за сообраќајката на обиколница каде загина велосипедист
-->
Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за сообраќајната незгода на обиколница каде еден велосипедист загина а друг заврши во болница.
- На 17.11.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ - обиколница на град Скопје, под клучка Радишани, патничко возило „мазда-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(63) од Скопје, удрило во велосипедистите А.П.(43) и А.Ш.(34), двајцата од Скопје. На местото на несреќата починал А.Ш., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил А.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, е наведено во соопштението на МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
