МВР со показна вежба на Охридското Езеро

Со показна вежба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, како и со презентација на дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи, попладнево во Охрид беше реализирана активноста на МВР насловена „До Вас, за Вас“.
Активноста е осмислена со цел приближување на полицијата до граѓаните, во рамки на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“, подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ги следеше активностите истакна дека со полициските службеници од повеќе оддели во рамки на МВР се презентираат активностите што ги преземаат, срествата што ги користи службата, начинот на спроведување на полициските активности и сите дејствија што се преземаат во рамки на редовното полициско работење.
- Еден од поводите за посетата на Охрид денеска е и заедничката соработка што ја имаме со српските полициски службеници во Охрид. Имаме четворица колеги од Србија кои во летниот период се заедно со нашите полицајци патролираат, си помагаат во рамки на сите дејствија што треба да бидат преземени, а се во делот на српските туристи. Ова е една убава прилика да поразговараме со нив за тоа како ги обавуваат нивните службени задачи тука, рече Тошковски.
Тој уште додаде дека македонската полиција е тука за граѓаните, да им обезбеди мирен престој во туристичките центри.
- Безбедносната сеостојба во Охрид е стабилна, а туристите можат да уживаат во преубавите туристички центри...Во рамки на летната сезона СВР – Охрид е потпомогната со полициски службеници од други центри. Така што и оваа година ќе бидеме подготвени да ги преземени сите дејствија и да одговориме на сите предизвици, рече тој.
Активностите денеска во Охрид беа спроведени со учество на повеќе оддели на МВР, со полициски службеници од СВР - Охрид, Граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, „Црвен крст“ и Територијалната протипожарна единица од Охрид.
Ново на Сител
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
-

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
