МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден од 16 до 21 часот МВР санкционирало 115 возачи за непрописно престигнување на територија на цела држава.
- Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола... За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци, соопшти МВР.
Од МВР потсетуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички сите да придонесат за побезбедни патишта.
МИА
Ново на Сител
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
