МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Во СВР Скопје денеска во 06:50 часот, 37-годишна жена пријавила дека вчера околу 22:30 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг Г.Ј. (31) од Скопје упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.
Во скопско, денеска во 01:50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(73), постапувајќи по претходна пријава дека на 21.06.2026 околу 17:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.
Во СВР Скопје, вчера во 13:25 часот 45-годишен маж пријавил дека во домот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата сопруга А.П.С.(44), која фрлала и тврди предмети кон него. Вчера во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Д.С.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнала нејзината 69-годишна мајка.
Во Скопје, вчера во 16:25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека на 20.06.2026 околу 23:30 часот во угостителски објект во скопско, каде што се одржувала семејна веселба, дошол и упатувал закани.
Во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане вчера во 14:30 часот го лишиле од слобода М.М.(30) од истото село, кој бил пријавен од негов 61-годишен роднина од селото дека му се заканувал. Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(28) од Тетово. Претходно, неговата 51-годишна мајка во СВР Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејниот дом А.И. почнал агресивно да се однесува и ја кршел покуќнината откако не му дала пари колку што барал. После тоа се заканил со нож на неговата 24-годишна сопруга и физички ја нападнал мајка си.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 23:50 часот го привеле М.М.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека отишол во семејниот дом на неговата 23-годишна поранешна сопруга и се заканувал дека физички ќе ја нападне.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
