МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи.
Како што посочуваат од МВР, како институција која е постојан сервис на граѓаните, соодветното облекување придонесува за подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, граѓаните се замолуваат при посета на шалтерите за подигнување лични документи, пасоши и други административни услуги да бидат облечени во рамки на општоприфатените норми за јавни институции.
Од МВР наведуваат дека како неприфатлива облека за влез во службените простории се сметаат премногу куси и тесни здолништа, куси панталони наменети за плажа или спортски настани, како и облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека.
Исто така, неприфатлива е облека која вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови, тренерки и спортска облека, облека со навредлива содржина, како и несоодветни обувки како влечки, папучи, кломпи, налани и апостолки.
Од Министерството додаваат дека и сите вработени во Одделот за граѓански работи се должни да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување за вработените во МВР.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
