Македонија
18. July 2025 - 13:43

МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника

Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти, наведуваат од Министерството.

Воедно, додаваат дека ја следат состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата - Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа.

МИА