МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки

Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, се вели во реакцијата од Министерството за здравство.
Министерството за здравство, се вели во реакцијата, ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ, и истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи.
Од МЗ посочуваат дека Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот.
-Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација. Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката - се вели во реакцијата од Министерството за здравство.
Од МЗ, исто така, нагласуваат дека Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно.
-Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази, се вели во реакцијата од МЗ.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
