Македонија
3. July 2025 - 16:36

На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“

„7“ Е БРОЈКА ЗА СРЕЌА И РАДОСТ!!! Во тој правец е и овогодинешното издание на Фестивалот Златни денови. Фестивалот веќе е дел од традицијата и традицоналната понуда на градот Кратово, најстариот град во Македонија. И не треба да се има сомнеж дека оваа приказна цели кон убава бескрајност, а со нетрпение се очекува бескрајно убава да биде и забавата во овогодинешното издание кое ќе се лучи следниот викенд , 11 и 12 јули.

Гаранција за тоа треба да биде и внимателно одбраната програма во која се артисти од сите жанрови и за сите генерации.

Балканската ѕвезда Наташа Беквалац, Тајзи, Мартинијан Кириловски, Мерак Меаната со Анета Љумаковска, Даце, Тања Стефановска, Марјан Коцев, Адријана Кеш, потоа Боби Павловски, полноќните диско вечери и останатите бројни артисти се гаранција за бескрајно задоволство на кратовчани и посетителите од Македонија и регионот.

11 ти и 12 јули - Посетете го Кратово и бидете дел од забавата наречена „Златни денови 2025”.