На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари

Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е прелиминарна истрага за да се идентификува примачот на пратката.
- Во рамките на насочените контроли, во магацин за привремено складирање, инспекторите откриле 169 картонски кутии, кои пристигнале од Дубаи. При физичката проверка било утврдено дека содржат 8.400 штеки цигари, односно вкупно 1.680.000 парчиња, за кои не биле платени предвидените царини и даноци, соопштија од ААДЕ.
Додадоа дека вкупниот износ на избегнатите царини и даноци изнесува 341.342,26 евра.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
