На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари

Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е прелиминарна истрага за да се идентификува примачот на пратката.
- Во рамките на насочените контроли, во магацин за привремено складирање, инспекторите откриле 169 картонски кутии, кои пристигнале од Дубаи. При физичката проверка било утврдено дека содржат 8.400 штеки цигари, односно вкупно 1.680.000 парчиња, за кои не биле платени предвидените царини и даноци, соопштија од ААДЕ.
Додадоа дека вкупниот износ на избегнатите царини и даноци изнесува 341.342,26 евра.
МИА
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Со лет од Дубаи денеска евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад
-

Воз се запалил кој сообраќал кон Куманово, откажани сите линии Скопје – Битола
-

Скандал во скопско средно училиште: Наставник барал полови односи од 18-годишна ученичка
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
