-->
-->
На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-->

Марихуана во вредност од околу еден милион евра, скриена зад пратка декларирана како облека, била откриена и запленета на аеродромот во Атина.
Грчката полиција соопшти дека станува збор за 207 килограми дрога пристигната од Тајланд, која во август била пронајдена во картонски кутии оставени во просторија за привремено складирање на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“.
Информацијата за акцијата била објавена дури во средата, повеќе од два месеца по самата заплена, без објаснување за доцнењето.
Според полициските процени, запленетата марихуана на црниот пазар би можела да достигне цена од околу еден милион евра. Засега не се открива кој ја организирал испораката, ниту кој требало да ја преземе дрогата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ако не се најде купувач за Алта, граѓаните и фирмите да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до денар
-

Голема акција во Куманово: „Падна“ лихварска група, претреси во менувачница
-

Операции на шака кај 16 повредени од трагедијата во Кочани
-

Младите брачни парови ќе плаќаат 60 отсто помалку за изградба на куќа во Скопје
-

Проектот LERMS лансиран во Mакедонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Осум дена притвор за двајца вработени на УГД-Штип
-

Следната недела надзорна расправа за работењето на Алта банка во Собранието
