Македонија
4. February 2016 - 17:04

На донаторската конференција во Лондон, лидерите од регионот и Западна Европа ги ставија своите планови на маса за бегалците

Само биометриски регистрационен лист може да помогне во воспоставување на функционален систем за регистрација на бегалците кои ја користата балканската рута. Лажните исправи и регистрациони документи кои ги добиваат во Грција се сериозен проблем. Прелогот кој Иванов го презентирал на средбата со Камрон може да ја олесни понатамошната проверка. На приемот организиран од принцот Чарлс, претседателот Иванов со британскиот премиер разговарал и за зголемување на капацитетите на граничната линија за што добил поддршка од Камерон.

На донаторската конференција во Лондон, лидерите од регионот и Западна Европа ги ставија своите планови на маса. 

Откако бегалците од Блискиот исток ја преплавија Европа, расте поддршката за тоа дека мора да се бара решение најблиску до нивните домови. Камерун, Меркел, Бан ки Мун, премиерката на Норвешка и емирот од Кувајт ги собраа лидерите од седумдесет земји на едно место со единствена цел, да се обезбедат средства за помош на бегалците, но не на европскиот континент туку во Сирија и соседните земји. Планот е Јордан да изгради населби за оние кои побегнале од своите домови, а на сиријците раселени во сопствената земја да им се обезбедат основните услови за живот и потребната едукација за децата од Сирија. Како поддршка кон Јордан, Камерон ќе потпише договор за слободна трговија.

Присуството на конференцијата Иванов го искористи за средби со министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, грчкиот премиер Ципрас, колегите од регионот како и со Доналд Туск, претседателот на Швајцарија, премиерот на Естонија претставници на меѓународните организации, невладиниот скор како и генералниот секретар на УНЕСКО.

За само тринаесет месеци низ териотирјата на Македонија транзитирале над милион бегалци, а државниот буџет обезбедувањето на потребната помош за нив го чини неколку милиони евра. И покрај тоа и Македонија со донација на средства се вклучува во обезбедувањето на потребниот фонд. Планот на Камерон и Меркел е да се соберат над осум милиони евра, пари кои ќе треба бегалците да ги задржет во Сирија и регионот. Сител во Лондон Иван Кузмановски.