На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
Од синоќа во 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за патнички моторни возила, наизменично за камиони шлепери, додека за товарни возила со церади движењето е се уште забрането, соопшти утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Ново на Сител
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг
-
ДЗР: За раскинување на договорите за нов Клинички и болницата во Штип фирмите бараат 45 милиони евра отштета
-
Преглед на вестите од светот