На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница, кај Дебар, од слобода е лишен албански државјанин баран со меѓународна потерница.
- Денеска во 1:40 часот на граничниот премин „Блато" од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин „Блато", на влез во државава, од слобода е лишен Ј.В. (44) од Република Албанија, бидејќи бил баран од страна на Интерпол Луксембург, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Лицето е предадено на Полициската станица во Дебар за натамошна постапка.
Деновиве на истиот граничен премин полициски службеници од слобода го лишија А.Г.(28) од истиот пограничен албански град (Булќиза), кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „изнуда“.
МИА
Ново на Сител
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
