Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
Цените на становите уриваат рекорди. Трендот на пораст на метар квадратен – се очекуава да продолжи, ако не се донесат нови урбанистички планови и ако неизвесноста остане, велат од градежната комора. Сите посакуваат стабилизација, и истата ќе се постигне само ако заедно бараат решение и инвеститорите и Владата и општините.
Според последните податоци на Народната банка, во 3 тримесечје лани, цената на недвижнините бележи пораст од 25 отсто, што е највисок скок од 2020-та година. Во бројки тоа значи дека ако во 2020-та квадрат се продавал за 1,000 евра, лани чинел 1,250 евра.
Најскап е метар квадратен во Скопје, каде во моментов се продава и над 3,000 евра. Спорд податоците на Агенцијата за катастар, лани, во првото полугодие, најскапиот стан бил продаден во Центар – за 105 метри квадратни, купувачот платил 300 илјади евра.
Најскапата гаража пак, била продадена во општина Аеродром, каде за 24 квадрати платени се 30 илјади евра.
Она што на пазарот сега се нуди, и каде цената е скоро 3,000 евра за квадрат се веќе изградени, стари станови, кои не смее да ја диктираат цената.
Иаку и Евростат обајви дека цените на становите во 3 квартал во Унијата скокнале за 5,5 отсо. Рекордер во поскапувањето била Унгарија, каде за 10 години цената се зголемила за 275 отсто.
Двојно поскапеле и становите во уште 11 земји членки на ЕУ, како Португалија, Литванија и Бугарија. Речиси непроменети останале цените на недвижнините во Финска. За 10 години поскапеле за само 2 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
