Штети од поплавите во кочанско
Поплавени подруми, обработливи површини и дворови, угината стока и жители кои сѐ уште се справуваат со последиците од надојдената вода– ваква е состојбата во кочанското село Грдовци, чии жители претпрпеа најповеќе штети. Иако водата постепено се повлекува, направената штета останува значителна.
- Мислам дека највеќе штета имам во Грдовци. Две кози ми премрзнаа и 30 кокошки умреа. Плус имам штета, пет буриња со храна, 1000 килограми сигурно.
- Уште се мачиме, уште извлекуваме вода, а тоа што е поплавено не може повеќе да се искористи. Допрва ќе се утврдуваа штети.Вреќи со ориз се поплавени, пченка, зимница, туршии, се е било под вода и повеќе не се употребува.- анкета жители на с. Грдовци, Кочанско.
Причина за излевањето се неисчистените речни корита и каналите за наводнување, но и не одговорното менаџирање со хидросистемот откако ќе заврши наводнителната сезона.
- Не се исчистени, ниту реки, ниту канали, се е запушено и од мал дожд реката надојдува и не поплавува. Ние сме под страв.
- Водарите не сакаат да ги срушат бентовите, а кога заврши наводнувањето, ако се срушени и да надојде вода нема да поплави. Највиновни се од водостопанство, а јас ако не платам една година за водна заедница, веднаш ме даваат на извршител, анкета жители на с. Грдовци, Кочанско.
Од водостопанство „Брегалница“ се самокритични, велат свесни се за состојбата на терен и интензивно ќе работат на санација и расчистување.
- Точно е дека во изминатиот период не се одржувани речните корита и наводнителните канали. При претходниот дожд и поплавите ни се излеа Кочанска река, ја саниравме и сега моментално работиме на санација на Оризарска река, активно се работи со една градежна машина и сметаме дека во наредните 10 до 15 дена ќе биде целосно во функција, изјави Горанчо Зашов, директор на ХС „Брегалница“- Кочани.
Единствено позитивно е што браната „Калиманци“ интензивно се поплни со просечни 60 метри кубни вода во секунда, зашто пред само 2 месеци беше под биолошкиот минимум и во моментот е полна со половина од капацитетот.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
