Македонија
17. September 2025 - 11:03

На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана

На 16.09.2025 во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(41) од Белгија.

При гранична контрола и проверка, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.