Македонија
31. July 2025 - 19:02

На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце“, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, Маврово Дебар Струга, Виница Берово и Кочани Делчево.

 

МИА