Македонија
4. August 2025 - 8:34

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ информира дека од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи времен изменет режим на сообраќај поради изведба на проектот Изградба на патна делница Градско клучка Дреново“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, Маврово Дебар Струга, Виница Берово и Кочани Делчево.

 

МИА