Македонија
5. January 2020 - 16:31
На охридските угостители и хотелиери им фалат работници - ќе бараат од странство
Хотелите и угостителските објекти долж охридското езеро сеуште мака мачат да обезбедат стручен кадар за работа. По теркот на Бугарија кои овој проблем го решиле со работна сила од Молдавија и Украина од ХОТАМ бараат промени на законската регулатива и олеснување на процедурите за увоз на работници од други земји
Тие доставиле до владата писмено барање и велат дека ваквата мерка е повеќе од неопходна поради сè поголемиот недостиг на квалитетен кадар, пред сѐ готвачи и келнери.
Хотелиеритие велат дека проблемот е од поодамна но најизразен е во екот на туристичката сезона.
Експертите сметаат дека треба да се работи во две насоки, а тоа е покачување на платите, и создавање профил на кадри кои ќе ги поседуваат сите неопходни способности.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
