На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
Рокот за поднесување на кандидатски листи во ДИК истекува вечерва на полноќ. Партиите го чекаа последниот ден за да ги комплетираат своите кандидати со кои ќе ја бараат довербата на локалните избори. ОД ВМРО ДПМНЕ ќе трчаат на овие избори со кандидатите кои покажале најдобри резултати но велат имаат и нови кои се профилирани личности во средините каде ќе бидат носители на листи или претендираат за градоначалнички функции.
Од ЗНАМ ги поднесоа листите во Град Скопје каде носител е генерал Горанчо Котески. Заедно со останатите на листата и кандидатот за градоначалник на Центар упатија порака дека нивната програма е различна и остварлива за разлика од сите досегашни.
На последниот ден и Левица ги претстави кандидатите за ИЕ 5 и ИЕ 6
Ако листите се поднесени правилно од изборната комисија ќе ги потврди во рок од 24 часа, во спротивно предлагачите ќе имаат два дена рок да ги отстранат неправилностите. Редоследот ќе биде утврден со ждрепка што ДИК ќе ја одржи на 25 септември. До 27 септември, сите кои ќе учествуваат во изборниот процес ќе треба да потпишат Кодекс за фер и демократски избори кои се закажани на 19 октомври .
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар