Македонија
28. August 2025 - 12:42

На Табановце се чека околу 30 минути

На граничниот премин Табановце за излез од земјава се чека 30-тина минути, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Поради летните одмори, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен и се бележи зголемена фрекфенција на возила.

 

МИА