На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра

Од Агенцијата за европски земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ), од Министерството за земјоделство и од Министерството за финансии на Грција, на грчките земјоделци до крајот на годинава ќе бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од кабинетот на вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис, станува збор за најголем износ во споредба со која било претходна година.
За 2025 година од ОПЕКЕПЕ ќе бидат исплатени 3,3 милијарди евра, наспроти 2,7 милијарди лани, а поголемиот дел нив се од вториот столб на Заедничката земјоделска политика, односно се насочени кон програми за модернизација на земјоделските култури и земјоделските стопанства.
Од планираниот износ, до 26 ноември биле исплатени 1,9 милијарди евра, а од денеска започнува авансната исплата за основна поддршка (363 милиони), исплати од програмата за рурален развој (119 милиони) и обесштетувања за болести кај животните (56 милиони евра), додека пак до крајот на годинава ќе бидат исплатени останатите 1,2 милијарди евра.
Декември, според истите информации, ќе биде месецот „на суштинска поддршка за земјоделскиот и сточарскиот сектор“.
Земјоделците, од друга страна, во неделата на состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет со учество на претставници на земјоделски здруженија од цела Грција, донесоа одлука од 30 ноември да започнат со блокади низ целата земја со постепено проширување до 5 декември на различни локации.
Главно барање на земјоделците, покрај исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството, за кој сметаат дека е многу висок и бараат загарантирани цени за нивните производи.
МИА
Ново на Сител
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
