Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети

Полицијата во периодот од мај до август годинава регистрирала вкупно 10.411 сообраќајни прекршоци во рамки на засилените контроли насочени кон возачите на електрични тротинети, велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.
Според податоците на МВР, најголемиот број прекршоци – дури 7.303, се однесуваат на возење без заштитен шлем, односно кацига. Регистрирани биле и 718 случаи на управување по несоодветна површина, 401 нерегистрирано или неосигурено возило и 322 случаи на некористење рефлектирачки елек.
Полицијата евидентирала и 81 прекршок сторен од лица помлади од 18 години, како и 45 случаи на возење под дејство на алкохол.
Во истиот период биле откриени и 619 кривични дела. Најголемиот дел, односно 604, се однесуваат на управување возило без возачка дозвола, додека 14 лица биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол.
Во рамки на контролите биле одземени вкупно 423 превозни средства – 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.
Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да користат заштитна опрема и да не управуваат возила под дејство на алкохол или без исполнување на законските услови.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
