Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила

Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување возило, за што се казнети 920 возачи.
- По однос на прекршоци по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, санкционирани се 70 возачи за возење под дејство на алкохол, 241 за возење без возачка дозвола, 33 поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик - стои во соопштението од МВР.
Контролите опфатиле и други категории учесници во сообраќајот. Така, 1.281 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење заштитен шлем, 295 пешаци добиле казни за прекршоци, а 1.584 учесници во сообраќајот биле санкционирани за некористење сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 240 нерегистрирани возила, како и 83 возила поради техничка неисправност. Дополнително, казнети се 55 возачи за непочитување на пропишаните правила за затемнување на стаклата на возилата.
Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
