Македонија
17. February 2026 - 16:31

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што

Каде и за што се троши државаната помош? Милионски евра од буџетот секоја година завршуваат како субвенции, заеми или даночни ослободувања, но отчетност дали  истите придонеле за поголем економски раст, поголема конкурентност или повеке инвестиции - нема. Недостасува регистар кој ќе покаже која компанија колкава помош зела и кои се ефектите од истата.

Според Истражувањето на Фајнанс тинк, најмногу буџетски средства добивале земјоделците за субвенции и приватниот сектор - за инвестиции.

-Во моментов, податоците за доделената државна помош се дисперзирани во повеќе институции и не се достапни на едно централизирано место. Недостасува единствен, систематизиран преглед од кој јасно ќе се види кој добива помош, по која основа, во колкав износ и со каква цел. Ваквата фрагментираност, не само што ја отежнува јавната контрола, туку го усложнува и процесот на креирање економски политики. Централизиран и транспарентен систем на податоци би овозможил подобра анализа, подобра координација меѓу институциите и поефикасно планирање на ресурсите, изјави Благица Петрески, Фајнанс Тинк.

Секој денар од буџетот е значаен и мора да има економска оправданост за што се троши, вели министерска за финансии Кочоска: Парите мора да им се дадат на тие кои ќе придонесат за поголема додадена вредност, а да се скратат таму каде што не се продуктивни. Затоа најави системско решение кој ќе покаже кој добива помош и за што.

-Владата работи на воведување онлајн систем  кој ќе ги собира сите трошоци. Треба точно да се знае што се сака да се постигне со дадената помош. Централизираниот систем на податоци би овозможил да се види кој добива помош и за каква цел, изјави Гордана Димитриоска Кочоска, министер за финансии.

Истражувањето на Фајнанс Тинк кое ги опфаќа земјите од Запaден Балкан од 2017 до 2024 та, покажува дека во 2023та во Македонија 203 милиони евра биле испалтени како државна помош, додека една година подоцна сумата достигнала 235 милиони или 1,5% од БДП.