Над 450.000 луѓе во Македонија живеат на раб на сиромаштија
Граѓаните тонат во сиромаштија, речиси половина милион од населението едвај го преживува месецот. Според последната статистика за 2020 година, 21,8 проценти од населението или 451.900 граѓани живеат сиромашно. Од нив најизразена е стапката на сиромаштија во семејствата со три и повеќе деца ( 45,6%), кај самохраните родители со деца стапката изнесува 41,6%, потоа се домаќинствата со двајца вработени, најмал е процентот кај пензионерите односно лицата над 65г. возраст (7%).
Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97.000 лица, сега бројката е порасната на 110.000.
Аналитичарите сметаат дека пандемијата но и економската и енергетската криза значително ќе влијаат врз зголемувањето на процентот на сиромаштија во земјава.
Врз зголемувањето на овој процент најмногу влијае висината на просечната плата, пензиите и животниот век.
Бројките можат да бидат поинакви од оваа година со оглед на новите податоци од пописот на населението.
Без да се преземат мерки за зголемување на просечната плата, пензиите овој процент и натаму може да расте.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
