Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“

Над двеста илјади корисници останаа без електрична енергија на Хаваи откако ураганот „Лала“ го зафати Големиот Остров, пред да ослабне и да се претвори во тропска бура.
Гувернерот на Хаваи, Џош Грин, изјави дека државните власти добиле извештаи за најмалку сто оштетени домови.
До пладне по локално време „Лала“ се движеше кон запад-северозапад со брзина од близу 26 километри на час, со максимални постојани ветрови од околу 105 километри на час, што е безмалку урагански ветар, според последното предупредување на Националниот центар за урагани.
Предупредување за тропска бура останува во сила за Мауи, Оаху и Кауаи.
„Лала“ ги погоди јужните делови на Хаваи со ненадејни поплави, кои претставници на локалните власти ги опишаа како „невидени досега“.
Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови, откако беше пријавено дека најмалку едно лице загинало во сообраќајна несреќа.
Сите аеродроми во сојузната држава повторно се отворени, но властите ги советуваа патниците да проверат со своите авиокомпании за најновите информации.
МИА
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
