Најавени уште 120 тужби против Диди

Американскиот рапер Шон Комбс, познат како Диди, би можел да се соочи со нови граѓански тужби против него. Имено, според адвокатот Тони Базби, најмалку 120 поединци ја ангажирале неговата фирма.
Адвокатската фирма „Базби“ и адвокатската група „АВА“ се најмени да поднесат тужби од наводни жртви на Комбс и други поединци или организации. Обвиненијата вклучуваат сексуален напад, злоупотреба, насилен сексуален напад, силување, олеснување на секс со употреба на контролирана супстанција, затворање, присилна проституција, дистрибуција на видеа без согласност на лицата во нив и сексуална злоупотреба на малолетници.
Базби пред новинарите истакна дека половина од тужителите се мажи, а 25 од засегнатите лица биле малолетни во мигот на наведените настани. Случаите, наводно, се поврзуваат со забави и аудиции поврзани со музичката индустрија во САД, поточно Лос Анџелес, Њујорк и Мајами.
Во изјава за „Си-ен-ен“, адвокатката на Комбс, Ерика Волф нагласи дека нејзиниот клиент категорично ги одрекува сите наводи.
- Г-н Комбс одлучно и категорично го отфрла како лажно и клеветничко, секое тврдење дека сексуално злоставувал некого, вклучително и малолетници... Комбс со нетрпение очекува да ја докаже својата невиност на Суд, изјави Волф.
Адвокатската фирма на Базби планира да поднесе обвиненија следните 30 дена, додека продолжува собирањето докази. Повеќе од 55 отсто од можните жртвите пријавиле злоупотреба и в полиција или во болниците, па правниците сега работат на собирање на овие документи.
Не се работи за колективна тужба, туку секој случај ќе се процесуира посебно, дури и во различни сојузни држави. Комбс нема да биде единствениот обвинет во некои од тие случаи.
Од ноември минатата година, против Комбс веќе се поднесени 12 граѓански тужби. Во 11 предмети, директно се обвинува за сексуален напад. Комбс сè уште не одговорил на сите активни тужби. Тој се наоѓа во затвор во Њујорк. Истрагата против Комбс сè уште е во тек, но федерални истражители веќе го пребарале неговиот имот во Лос Анџелес и Мајами.
Ново на Сител
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
