Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени

Најниската минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка и во Демир Капија со -3 степени. Следат Берово со -2, во Маврови Анови и Лазарополе нула степени, во Крушево, Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, а 3 степени во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Прилеп, Тетово, Велес, Битола и Претор. Највисока минимална температура од 6 степени е регистрирана во Гевгелија.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во последните 24 часа, најмногу врнежи има во Крушево и на Попова Шапка – по 6 литри на метар квадратен. По нив следат Тетово, Пожаране и Маврови Анови со 5 литри, Охрид со 4, Лазарополе и Прилеп со 3, а најмалку врнежи се забележани на Скопје – Зајчев Рид, каде се измерени 1 литар на метар квадратен.
Највисока снежна покривка и утрово има на Попова Шапка, каде висината на снегот изнесува 55 сантиметри.
Според најавите на УХМР, денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои најпрво ќе започнат во јужните делови од земјата, а потоа ќе се прошируваат насекаде. Со продор на постуден воздух, на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Можно е појава на магла во одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
