Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби за ДПА.
Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица.
Само едно од новороденчињата во одделението било спасено, наведуваат тие. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола.
Акушерското одделение е дел од Гинеколошкиот оддел при Пакистанскиот институт за медицински науки, државна болница. Најмалку 16 новороденчиња се наоѓале во одделот за бебиња кога избувнал пожарот.
Телевизиски снимки на „Гео њуз“ (Geo News) прикажуваат густ чад и пожарникари кои интервенираат на местото на настанот. Телевизијата објави дека ќе биде покрената истрага за дополнителните причини за пожарот.
Државните болници во Пакистан не се популарни поради пониските стандарди, па оние кои можат да си дозволат избираат приватни клиники за подобра нега. Лабавите безбедносни стандарди повеќепати доведувале до трагедии во Пакистан.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
