Свет
9. јуни 2025 - 10:22

Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија

Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа што се случи утрово на автопат во Малезија.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим нареди да се спроведе истрага за несреќата што се случи во малезиската држава Перак, пренесе локалниот телевизиски канал CNA.

Според прелиминарната истрага, автобусот удрил во задниот дел на комбе пред возачот да изгуби контрола и да излета од автопатот, изјавија претставници на полицијата за локалните медиуми.